Актер загина откако врз него падна дел од сценографија во Бољшој театарот во Москва, јавија руски медиуми повикувајќи се на извори од службата за итни случаи.
– Дел од сценографијата се урна на сцената за време на операта Садко и притоа загина 37-годишен актер, потврди извор од руската служба за итни случаи.