Последните два случаи на новозаразени во овој град беа регистрирани на 19 октомври, а речиси две недели немаше активни случаи.

Од почетокот на пандемијата, кога на крајот на февруари 2020 година беа регистрирани првите два случаи, сопружници од селото Баланци, општина Центар Жупа, по нивното враќање од Италија, а потоа ова подрачје стана прво жариште на болеста, до сега, регистрани се 1.454 позитивни случаи.

Од вкупната бројка битката ја изгубија над 80 лица од двете општини, кои со својата активност ги покрива Работната единица за јавно здравје и дебарската Општа болница со проширена дејност.

Во вакциналниот пукт сместен во модуларната болница во кругот на болницата, во меѓувреме, непречено се одвива имунизацијата против Ковид-19. Во двете општини до сега прва доза вакцина против Ковид-19 имаат примено околу 8.100, две дози околу 7.300 лица (плус над 1.200 во Скопје и Охрид), додека трета доза околу 250 лица.

Паралелно се спроведува имунизацијата против сезонски грип. Во работната единица за јавно здравје имунизирани се над 120 лица.