На прашањето од жителите на ова место дали го болела вакцинацијата, претседателот одговорил:
-Не ни почувствував, докторката Анита има лесна рака.
Во разговор со медицинскиот персонал на Здравствениот дом „д-р Верољуб Цакиќ“, Вучиќ се информирал за процесот на вакцинација во Рудна Глава. Докторката, по давање на вакцината, му порачала на претседателот дека втората доза треба да ја прими за 3 недели, а претседателот ја изненадил со букет цвеќе.
Вучиќ ја прими вакцината на кинескиот произведувач Синофарм, а граѓаните ќе ги имаат на располагање и вакцините на останатите 3 произведувачи (Спутник V, АстраЗенека и Фајзер).
View this post on Instagram