Од претседателскиот кабинет соопштија дека, поради ситуацијата со пандемијата, нема да има друга инаугуративна церемонија, туку ќе се одржат неколку индивидуални активности на Османи, како што е приемот на командантот на ФСК, Рахман Рама и на други генерали, како и на косовските џиудисти кои во последно време забележаа видни резултати на неколку светски манифестации.

На инаугурацијата на Османи на плоштадот пред Собранието на Косово, покрај нејзиното семејство – сопругот и двете ќерки, присуствуваа и амбасадорите на таканаречената „Квинта”, односно на петте највлијателни држави кои имаат дипломатски претставништва во Приштина, САД, Велика Британија, Германија, Италија и Франија, како и премиерот Албин Курти и членови на владиниот кабинет.

Петгодишниот мандат на чело на државата Османи го доби од Собранието на Косово в недела, на 4 април.