На атинскиот аеродром, децата ги испратија заменик- министерката за миграција и азил на Грција Софиа Вултепси и надлежната за заштита на децата бегалци без придружба Ирини Агапидаки.

Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека досега 1.006 деца, безбедно биле релоцирани во европски земји, мнозинството од нив се од Авганистан, а потоа следат Сирија, Пакистан, Конго и Египет, 80 отсто се на возраст од 15 до 17 години, а само еден процент до пет години.

Додаваат дека ќе продолжат со напорите за релокација на уште 549 деца бегалци без придружба, коишто се во Грција.