Инспектори на бугарската извршна агенција „Автомобилска управа“ со онлајн преведувач им побарале пари на британските возачи што ја превезуваа опремата за концертот на Роби Вилијамс. Двајцата завршија во притвор, а кај нив беа пронајдени околу 43.000 евра и повеќе од 5.000 лева.
Истражителите соопштија дека возачите биле запирани за административни контроли, при што инспекторите преку „Гугл транслате“ комуницирале со нив и барале пари. Двајца возачи платиле по 100 евра, а од третиот биле изнудени 300 евра за да избегне казни.
Парите најдени при претресите на домовите и канцелариите се доказ во истрагата што се води против двајцата осомничени.