Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално ќе ја посети Србија на 29 јуни.
Абазовиќ, кој присуствува на Самитот Отворен Балкан во Охрид, на Твитер објави дека Црна Гора и Србија сакаат да ги ресетираат своите односи.
„Претседателот Александар Вучиќ и јас се согласивме дека двете земји се насочени една кон друга и дека заедно треба да создадат европска иднина заснована на помирување и соработка“.
Тоа ќе биде прва официјална посета на Абазовиќ откако ја презеде функцијата премиер на Црна Гора.