Споменикот е симобол на пораз на заедништвото. Слупчане е симбол на пораз на македонската страна. Социологот, професор Илија Ацески смета дека ваквите потези на елитата на УЧК-ДУИ само ја продлабочуваат психолошката траума и чувството на пораз кај македонската нација.

Македонија сега е симбол на раздорот и добива своја споменичка улога и функција. Многу внимателно треба да се влечат потези кога се открива блиската историја од 2001 година. Пред се на тоа треба да внимава ДУИ, вели Ацески, кои 20 години е во власта и ја креира политиката на државата.

Сега треба да се работи на ублажување на траумата на колективната меморија . Можеби сега во близина на споменикот од Слупчане, властите треба да изградат нов кој ќе ја претставува условно кажано “другата страна“, додава Ацески.

Лидер: „Овој споменик не нѐ дели, овој споменик нѐ обединува. Ослободителната народна армија е нераскинлив дел од историјата на оваа земја. Не може да има историја на оваа земја без ОНА“-, порача лидерот на ДУИ вчера од Слупчане при поставување на 20 метарскиот споменик. Со што не обединува овој споменик?

-За да одговорите на тоа прашање дали овој споменик не обединува или разединува, тоа прашање всушност не ја задоволува ни таа елементарна, семантичка или колорна реторика, со него се добива реторичка одговор.
Познато ни е што се случи 2001 година, и за тој настан за неговата интерптретација, постојат две вистини.
Еднината вистина е онаа вистина која е на страната на ДУИ, на албанците, на УЧК, како тоа го направија и го реализираа во 2001г Охридскиот Договр, промена на Уставот и последиците од тоа. Ова што сега следи со споменикот е практично продолжение на тоа од 2001 година. УЧК не може да излезе од тој филм.. Мислам ДУИ, албанците, зборувам на ДУИ како елита, како партија.
Другата страна е како државата Македонија, условно кажано македонската страна го доживеа тоа од 2001. Како напад, како атак на територијата, напад на државноста, напад на уставното уредување, како терористички чин. Дури така беше тоа оквалификувано во тоа време од некои западни фактори.

Ацески смета дека 2001 година создаде бинационална држава, нетеритериоанална федарција со “паралелни институции“ на македонскиот и албанскиот ентитет. Таа поделба сега е коренита, суштинска длабинска и таа ќе постои се додека постои државата Македонија, таква како што е.

-Ако тргнеме по линија дека може да не обедини тоа сознание, тој факт дека и тој чин ја води Македонија како држава ќе видиме дека ја доведе до еден висок степен на бинационалност, билингвалност. Јас не говорам за поделба во општеството , говорам за државата и за нејзините институции.
Токму баш тој момент, тој факт дека постојат два ентитети кои доминираат во македонското општество во македонската држава( албанскиот и македонскиот) и секој од нив си гради свои институции.
Ние сме всушност нетериторијална федерација, конфедерација а територијална тешко дека ќе станеме. И таа дури сега функционира на некој начин. Нема Влада без албанска партија. Дури би рекол дека тие се далеку помоќни во тој поглед.
Но она што сега не разединува, не разединува 20 години. И македонскиот дел никогаш нема да се согласи со поставувањето на вакви споменици. Таа поделба сега е коренита, суштинска длабинска и таа ќе постои се додека постои државата Македонија, таква како што е. Тоа ќе остане засекогаш.

Споменикот не значи обединување, напротив создава еден раздор, додава Асески. Патот на заедништво сега властите интегрирано треба да го водат можеби и со поставување на еден ваков друг споменик во негова близина кој ќе ја претставува “другата страна“.

-Ги читам рекациите на нашите политичари, најголем дел од нов молчат, но оние што говорат е во оваа насока, дека ние сме раздорот. Македонија ја добива сега своја споменичка улога и функција.
Ако веќе не можеме да избегнеме, жртви имало и на двете страни, тогаш мора да се бара некој начин како да се заборава туку тоа да оди во некоја позадина и да се истакнуваат оние моменти кои водат кон интегрираност. Да се има поголемо трпение и разбирање помеѓу овие етнички заедници.
Споменикот не е обединување. Споменикот е всушност крајот со кој се завршува еден дводецениски период . Тоа што се случувало сега сакаат да го претстават со едно монументално здание.
Е сега кога сето тоа вие ќе го погледнете, зборувам како македонец, ви создава една психолошка траума, создава едно чувство на пораз.
Споменикот е траен и останува .Создава негативно чувство на едно повисоко ниво на таа колетивна меморија на една група.
Можеби требало многу повеќе да се осмисли тоа, тие се сепак дел од власта . Да не бегаме од тој факт која е УЧК! Тие се транформираа влегоа во власта и еве 20 години се во неа.
Од овој тип на споменици во негова непосредна близина да се изгради и споменик на другата страна. Па така тие да стојат заедно, па можеби тоа е еден од тие излези и пат на заедиштво. И можеби така ќе се ублажи таа траума која што ние денес и после 20 години ја доживуваме.

Со споменикот во Слупчане поразане е државата вели професор Ацескии сега мора да се работи на ублажување на траумата која е создадена кај македонската нација.

-Поразена е државата во нејзините основи како функционира. Македонија сега функционира во многу нешта како бинационална, билингвална држава. Држава со сите последици кој што ги создава таквиот концепт на управување со заедничките општи работи.
Сега македонскиот ентитет е доведен до ѕид. Сега нема каде. Мора сепак да се најде некоја начин некако тоа да се ублажи да не го доживуваме ние како траума.