Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата го оцени кандидатот Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, како најуспешен во постапката за избор.
Според Комисијата, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.
Тој дал одлични одговори на сите поставени општи и посебни прашања, по што освоил вкупно 96,50 бодови, што го рангира највисоко меѓу кандидатите.
Второрангиран е Бранко Смилевски од Скопје – дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција, кој е актуелен помошник на Главниот ревизор, со освоени 86,33 бодови, а треторангиран е проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки, кој освоил 81,83 бодови.
Комисијата за селекција посочува дека и Смилевски и Чавдар дале одлични одговори на поставените општи и посебни прашања.
Извор: Нова Македонија