Адвокатите на Трамп предлагаат судењето да се закаже за април 2026 година

А
Свет 18.08.2023. 11:50

Адвокатите на Доналд Трамп вчера побараа од федералниот судија во Вашингтон да го закаже судењето на поранешниот претседател за април 2026 година, по обвиненијата дека тој наводно се обидел да го поништи својот пораз на изборите во 2020 година од демократот Џо Бајден.

Бараниот датум на судење ќе биде по американските избори во ноември 2024 година, на кои Трамп е фаворит за републиканската номинација.

„Јавниот интерес лежи во правдата и правичното судење, а не во брза пресуда“, напишаа вчера адвокатите на Трамп, пренесе Ројтерс.

Американскиот специјален советник Џек Смит, чија канцеларија ја води постапката против Трамп во случајот со изборите во 2020 година, минатиот четврток побара од американската окружна судијка Тание Чаткан да го закаже судењето за 2 јануари 2024 година.

Тој датум е две недели пред првото гласање на републиканските претседателски предизбори во 2024.

Портпаролот на Смит во четвртокот одби да коментира надвор од претходниот судски поднесок.


Останати вести од Свет

Подкаст

Подкаст