Адвокатот Драган „Стари“ Пешевски реагираше на случајот со двајцата млади од Сарај, оценувајќи дека тој се претставува низ етничка призма. Пешевски ги опиша полициските службеници како успешна, компактна и чесна екипа и посочи дека тие отстраниле значително количество дрога од улиците.

Неговата реакција следува откако двајцата млади, на возраст од 21 и 23 години, се појавија пред камера со видливи повреди и тврдења дека биле претепани од полицајци. ДУИ обвини за полициско насилство и побара одговорност, а МВР отвори внатрешна истрага за да ги утврди околностите.

Порталот „Подземје.мк“, пак, објави поинаква верзија на настаните. Според нивните наводи, младите продавале дрога, му го одзеле пиштолот на полициски службеник и избегале со автомобил, кој подоцна се превртел на автопатот.