Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани летово
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска изјави дека локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или на почетокот од август. На редовниот брифинг со новинарите, тој посочи дека се очекуваат конкретни предлози за законски измени поврзани со локалната самоуправа и изборниот процес.
Очекувани измени во законите за локална самоуправа
Според Африм Гаши, досега постои само најава за доставување на измени во Законот за локална самоуправа, особено оние што се поврзани со референдумите за отповикување градоначалници.
„Потребно е и организирање на јавна дебата за овие измени“, нагласи Гаши.
Дополнително, се чекаат и предлози за измени во Изборниот законик од страна на Министерството за правда. Доколку тие не бидат доставени навреме, изборите ќе се одржат според постоечките законски решенија.
Пратеничките позиции на АА остануваат непроменети
Во врска со политичките движења, Африм Гаши изјави дека нема официјални најави за промена на статусот на пратениците од Алијанса за Албанците. Гаши истакна дека тие сè уште не побарале да се формира посебна пратеничка група. Конкретно се работи крилото на Арбен Таравари кое има недоразбирања со коалициските партнери од ВЛЕН.
Арбен Таравари за првпат се огласи дали ќе ја напушти Владата
Утрово Таравари истакна дека само премиерот има легитимитет да одлучува кој е дел од Владата. Тој додаде дека не е работа на останатите коалициски партнери да се мешаат во таа одлука.
Арбен Таравари не исклучува соработката со ДУИ – Меџити побара да ја напушти Владата
Без ризик од блокада на Собранието
На новинарско прашање за евентуални блокади во Собранието, Гаши одговори дека не очекува политичката ситуација со АА да влијае на донесувањето на закони, особено оние кои се носат со Бадентерово мнозинство.
„Досегашната практика покажува дека постои стабилност и рационален пристап“, истакна тој.
Извор: ВечерПрес