Од вчеравечер членови на ДУИ масовно споделуваат воено видео на Али Ахмети каде го величат неговото дело низ годините. Оттука се отворија многу сомнежи зошто членовите на ДУИ го споделуваат ова видео.
Членови на ДУИ масовно споделуваат воено видео на Али Ахмети
Агим Јонуз рече дека Али Ахмети низ годините навистина многу направил за албанскиот народ и дека тој го почитува неговиот труд, но смета дека Ахмети направил грешен избор при изборот на кадри.
Изборот на кадрите на Али Ахмети во еден дел стана погубен дел за него. Донесе мангупчиња кои сметаат дека во политиката како мангупчиња ќе бидат некој и нешто и дека ќе направат нешто. Мислеа дека се во политиката ќе направат пари. Од една идеолошка рамка во која функционираше ДУИ стана мешовито претпријатие каде секој од секој гледаше да направи пари. И кој е тука жртвата? Жртвата е Али Ахмети, вели Агим Јонуз.
Агим Јонуз не смета дека Али Ахмети може да биде заменеет за лидер. Тој вели дека Али Ахмети има најмногу минат труд.
Кој ќе биде лидер, кој ја има таа заслуга и минат труд како што има Али Ахмети?, поентира Јонуз за Ахмети.
Меѓудругото, Јонуз вели дека еден од ретките кој немал криминални афери е Талат Џафери.
Било кој може да каже Талат Џафери – лопов? Не, Талат Џафери испадна најпоштен од сите, завршува Јонуз.