Ахмети рече:
-Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден
Тој најави дека зелената агенда станува дел од ДУИ.
-Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграција во НАТО, правична застапеност. Се изградија училишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот, истакна Али Ахмети лидер на ДУИ.
Според него дојдено е време да се прифатиме политиките за една зелена развиена и безбедна иднина.
-На 19-иот роденден на ДУИ започнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ, истакна Ахмети.
Тој исто така доде:
– Една млада девојка, Грета Тунберг, го обиколи светот со аларм за климатските промени и еколошката политика и сите и ја отворија вратата. Дојде време да ја отвориме вратата и да ги прифатиме овие политики за зелена, безбедна, развиена и здрава иднина. Ова е она што вие, младите, го барате. Младите бараат услови за живот како нивните врсници на запад, работни места како и модерна животна средина – додаде Ахмети.