Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска престојуваше во село Слупчане во Општина Липково, каде присуствуваше на одбележување на 20-годинишнината од воениот конфликт во државата во 2001 година.
– Пред нас има голема одговорност. Ние треба да ги направиме реалност сите соништа на загинатите херои. Постигнавме многу, но пред нас има уште многу работа да се направи, истакна Ахмети.
Тој нагласи дека ДУИ нама да престане со напорите и ангажманот „во остварување на идеалите на многу генерации, кои се жртвува за подобри денови“.
– Затоа не само на годишнини, туку во секој момент ние се сеќаваме на сите генерации, сите тие загинати соборци, за нивните дела да не се заборават, туку да се оставарат на начин како што доликува, изјави Ахмети пред присутните на собирот.