Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, даде ексклузивна изјава за ТВ21 по гласањето во Кичево на внатрепартиските избори.

Според Ахмети, Дрин не може да ја избегне истрагата. Тој уверува дека за ова нема да има амнестија или заштита од негова страна.

„Ни Дрин не може да ја избегне истрагата, да се разоткрие вистината, за ова нема да има пречка и нема амнестија или заштита од моја страна. Се што ги интересира државните органи, слободно да вршат истраги и да се открие вистината“, рече Ахмети.