Ако избори беа одржани денеска во Србија, владејачката СНС ќе победеше убедливо со 59,8 проценти од гласовите, изјави денеска директорот на агенцијата за истражување јавно мислење Ипсос, Марко Уљаревиќ.
„Значи, не зборуваме за избори за една година, две или три, невозможно е да се предвиди. Но, ако изборите беа сега, СНС ќе имаше 59,8 проценти од гласовите, СПС 8,5 проценти, Партијата на Слободата и правдата 4,2 проценти, ПОКС 3,2 и партијата „Доста е“ на Саша Радуловиќ би имале околу три проценти. Тоа се партии што би го минале цензусот“, изјави Уљаревиќ за белградси медиуми.
СНС имаа околу 60 проценти од гласовите на последните избори, кога излегоа околу три милиони гласачи.
Според него, Вучиќ имал само еднаш поддршка помала од 40 отсто за осум и пол години. За споредба, Коштуница имаше 80 проценти во еден момент, по промените на 5 октомври, но неговата популарност не траеше долго – за една година се намнали за половина. Рејтингот на Ѓинѓиќ беше 49 проценти за еден месец по промените на 5 октомври, а потоа падна на 24 до 28 отсто.
Тој рече дека во овој момент се проценува дека околу три милиони луѓе ќе излезат на гласање, додека 700.000 луѓе размислуваат, неодлучни се и не се сигурни за кого да гласаат.