Геровски изразува пофални зборови за Димитров кој вели дека не треба да се има преголеми очекувања. Зборовите на Димитров доаѓаат по посетата на Габриел Ескобар, специјалниот претставник на Стејт департментот на САД.

Во продолжение ставот на Бранко Геровски

И вчера некако ми се причини, а и од овој исказ на Димитров заклучувам дека тој Габриел Ескобар е паметен човек и вешт дипломат и дека на нашиве „лидери“ им пратил сериозна порака. Можеби ја „шифрирал“ во дипломатски флоскули, не знам. Но, гледам дека на Димитров му е јасно што се случува – да не се шири лажна надеж, ако нема многу сериозна шанса за исчекор попусто е да се „решаваат“ проблемите, да не кажам да се направат некои трагични компромиси. Кои не смеат во никој случај да се направат. Да ја штитиме нацијата, вели Димитров. Паметно. И навистина ова ми личи на американски пристап, напиша на Фејсбук, новинарот Бранко Героски.