Активен пожарот во Нивичино, Василево

Полициски хеликоптер од типот „Бел-412“ вчера интервенираше во гаснењето на пожарот во село Нивичино, општина Василево, во струмичкиот регион. Станува збор за пожар кој зафатил нискостеблеста шума. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, во текот на 60 воздушни налети биле исфрлени повеќе од 80 тони вода со цел да се спречи ширењето на огнената стихија.

Пожарот сè уште активен, службите на терен

И покрај интензивната акција од воздух, пожарот сè уште не е ставен под целосна контрола. Територијалните противпожарни единици и натаму се на терен, ангажирани во активности за локализирање и гасење на огнот.

Рекордни 30 пожари низ целата држава

Евидентирани се вкупно 30 пожари на отворен простор. Од нив, четири се во активна фаза, седум под контрола, а деветнаесет се изгаснати. Активни пожари и натаму има во региони како Македонски Брод, Прилеп и Кавадарци, каде што гори мешана шума и ниска вегетација. Министерството за внатрешни работи и ЦУК повторно упатија апел до граѓаните да бидат крајно внимателни и да ги почитуваат мерките за заштита од пожари, особено во услови на високи температури и суша кои придонесуваат за зголемена опасност од нови пожари.

Во меѓувреме, се појавија сомнежи за подметнати пожари. Пронајдени се натопени дрва, палети со бензин, гуми и ракавици на повеќе локации. Прочитајте во продолжение.

(ВИДЕО) ПАЃААТ МАСКИТЕ: Лицата приведени за подметнување пожари се директно или индиректно поврзани со СДСМ