Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по посетата во Приштина каде што се сретна со политичките и општествени лидери, денеска и утре ќе престојува во Тирана каде што ќе се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци. Тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и процесот на попис во Македонија.
Според соопштението од кабинетот на Груби, тој исто така ќе одржи посебни средби со претставниците на сите заедници во нашата земја во текот на неделата во врска со пописот на населението.
Изјавите на Груби по посетата на Приштина за тоа дека ги повикал косовските политичари да ја повикаат албанската дијаспора од Македонија да учествува на пописот и неговата изјава дека приоритет на македонската надворешна политика е признавањето на Косово предизвика бурни реакции во македонската јавност, но не и од партнерите во Владата.