Тој кажа дека Комитетот на експерти за справување со пандемијата утре ќе излезе со нов план за олеснување на мерките.
-Се наоѓаме во оптимална ситуација во однос на стратегијата и акцискиот план, но е многу, многу е важно, да не заборавиме дека се уште немаме целосна предвидливост на патот до целосен излез од овој тунел и затоа мора да продолжиме да бидеме внимателни. утре комитетот ќе излезе со нов план, со натамошно олеснување на мерките и нашата амбиција за поолеснета туристичка сезона. наскоро ќе излеземе со програмата за обврски за третиот мандат, рече Рама.
Иако не прецизираше, медиумите наведуваат дека се очекува укинување на мерката за задолжително носење заштитна маска на отворен простор и полицискиот час, што беше воведен во ноември минатата година, во период од 22 до 6 часот.
На прашањето за одлуката на американскиот Стејт департмент, со која поранешниот претседател и експремиер Сали Бериша и неговото семејство се прогласени за „персона нон грата“, Рама не сакаше да коментира, но рече дека е фокусиран на тоа да работи на отворање на нов пат во јавната комункација.
-Јас 100 отсто сум фокусиран на работата. Ние не престанавме да работиме ниту еден ден во текот на кампањата и по кампањата, затоа што нема време за одмор и од друга страна јас сум решен да отворам нов пат во однос на јавната комуникација и затоа да ги избегнеме сите оние аспекти што ја претворија политиката во земјата во исцрпувачка теленовела (сапуница), изјави тој.