-Веста дека ќе се формира центар за азил во име на трети страни е апсолутно невистинита. Ги отворивме вратите за 4.000 Авганистанци и ние сме горди на тоа. Ние ги извршуваме нашите должности кон традицијата на нашите деца, а не должностите на оние кои се поголеми и побогати од нас, напиша на Твитер, Ендри Фуга, советник на премиерот Еди Рама.
Според весникот, официјалните претставници на Лондон и Тирана сега работат на прецизирање на деталите, како што се точната локација и капацитетот.
-Во центарот ќе бидат сместени илегалните мигранти кои со мали бродови од Франција ќе се обидат да го минат опасниот канал Ла Манш за да стигнат во Велика Британија. Таму ќе останат таму додека се разгледуваат нивните апликации за азил, наведува Сан.
Според пишувањата на „Сан“, шефот на кабинетот на премиерот Борис Џонсон, Ден Розенфилд, е клучен двигател на политиката, а дипломатите од Министерството надворешни работи помагаат во тоа.