Вечерва од 20:45 часот гостувам во емисијата ,, Трилинг” на ТВ 24 каде што ќе разговараме за убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори, актуелните политички случувања и периодот кој следи и очекувањата за победа во вториот круг, напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, на социјалните мрежи.
