Големиот настан кој што се случува во Брисел, на кој што се говори за иднината на Европа, разговарам со бројни политичари, актуелни и поранешни премиери, заменици премиери, министри, но, исто така и претставници на глобалниот бизнис сектор, новинари и граѓански активисти, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ја имам чест оваа година да сум дел од изборот на 40 највлијателни личности во Европа под 40 години, и со таа привилегија можам во овие три дена да зборувам за состојбите во демократијата во Европа. Но, исто така и за размислувањата за нов пристап кон новата ера во Европа во време на конфликти. Тука со сите соговорници со кои што зборувам нагласувам дека е потребно Македонија без одлагање да почне преговори со ЕУ и без никакви дополнителни услови.

Исто така мора да се заштити македонскиот национален идентитет, македонската засебност, и македонскиот јазик.

На сите соговорници им кажувам дека во услови на војна, нема ништо позначајно од тоа да се зачува национален идентитет. Ако во Европа има војна заради напад на суверена држава и на нејзиниот национален суверенитет и идентитет истото но без војна и се случува на Македонија. Затоа што е нападнат македонскиот национален идентитет, засебноста на македонскиот јазик, македонската култура и македонската историја.

Само со почитување на заедничките европски вредности можеме да одиме напред, рече Николоски и додаде:

„Исто така на овие средби зборувам за воведувањето на функционален систем на владеење на правото, не само во Македонија, туку во целиот регион на Југоисточна Европа. Затоа што криминалот и корупцијата не познаваат граници. Криминалците соработуваат многу подобро отколку било кои други граѓански или политички активисти. А, исто така зборувам и за високото ниво на корупција во Македонија, на кое што мора да му се стави крај. Тоа стига до врвот на власта. И единствен начин Македонија да оди напред е да има силна битка со криминалот и корупцијата.

Јас сметам дека Македонија се сака со дела и затоа во овие три дена се обидувам да поразговарам со што повеќе луѓе и да им кажам што се случува во Македонија, но исто така да се заложам за подобар животен стандард на македонските граѓани и за напредок на Македонија кон ЕУ.

Секако во овие три дена разговараме и за глобални теми и за европски теми, и мислам дека е тоа она што треба да го прави секој што е политички активен во Македонија, да помага дома, но и да ја претставува државата добро надвор“.