Непосредно пред изборите Алијанса за Албаците се подели на две крила. Поддржувачите на Зијадин Села отидоа во недвосмислена поддршка на ДУИ и таканаречниот „Европски фронт“, дека пак поддржувачите на Арбен Таравари отидоа во поддршка на обединетата албанска опозиција ВЛЕН односно „Вреди“.
Додека нивното поранешен сопартиец Арбен Таравари е на прагот од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и идно министерско столче, веројатно за здравство приврзаниците на Зијадин Села не можат да се помират со одењето во опозиција. Затоа постојано негуваат, па како и ДУИ сега велат дека се незадоволни од бројката на идни министри.
Утрово преку партиско соопштение приврзаниците на Зијадин Села предупредуваат дека во Македонија ќе се случи биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците. Тие се жалат бидејќи во новата влада само четири министерства ќе ги водат албански министри.
– Во текот на овие три децении, Албанците воделе најмалку 5 од 15 министерства, потоа 6 од 15 ресори и на крајот 8 од 16 министерства, без министрите без ресор и вицепремиери. Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства во најавената влада од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, и тоа 4 од 16 министерства – стои во соопштението од Алијанса на Зијадин Села.
Тие стравуваат бидејќи ќе се носеле законски измени за да бидат 4 министертва за Албанците од 19 ресори.
Додека ДУИ и Зијадин Села не можат да се помират со одење во опозиција, „ВЛЕН“ е на чекор до Влада соВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Владата се очекува да се комплетира околу 20 јуни.