Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ноќеска го победи Русинот Данил Медведев со 6:3 и 6:2 во финалето на Мастерсот во Индијан Велс.
Деветнаесетгодишниот Алкараз ја прекина победничката серија на Медведев од 19 натпревари.
Алкараз ја освои својата осма титула и трет Мастерс во кариерата. Сезонава одигра само три турнири, но освои два трофеи и загуби уште еднаш во финалето.
По победата во Индијан Велс, Алкараз повторно е прв светски рекет, додека Србинот Новак Ѓоковиќ падна на второто место. На Ѓоковиќ не му беше дозволен влез во САД па тој не настапи на овој турнир.
За да ја задржи првата позиција до почетокот на сезоната на земјени терени, Алкараза ќе треба да ја одбрани титулата во Мајами