Министерот за здравство, Венко Филипче на 9-ти Септември, еден ден после страотната несреќа во Тетово кога изгоре модуларната ковид болница а во која животот го загубија 14 пациенти тврдеше дека модуларните болници се осигурани, но телевизија Алсат открива и го побива тврдењето на министерот, дека всушност сите модуларни ковид болници во земјата не се осигурани.

Модуларните ковид болници државата не ги ниту осигурала. Модуларните болници низ држават не се осигурани од евентуален пожар, поплава или евентуален друг проблем. Во бирото за јавни набавки, , телевизија Алсат нашла само договор за осигурување , но за имотот на здраствената установа Клиничка болница, но не и за веќе изгорениот модуларен дел, открива Алсат телевизија.

На новинарско прашање „Дали овие ковид модуларни болници се осигурани?“, министерот за здравство Венко Филипче тврдеше дека истите подеднакво се осигурани како и другите.