Република се обиде да добие одговор, но оттаму кусо ни одговорија дека високообразовните установи се автономни и секоја посебно, согласно можностите и насоките од Комисијата за заразни болести, одлучува за начинот на кој ќе ја организира наставата во новата академска година.

Од друга страна, во соседна Грција оваа тема не е непознаница која се затскрива зад автономијата на универзитетите. Над 73 отсто од студентите се вакцинирани со барем една доза или прележале, членовите на академско-истражувачкиот кадар и администрацијата над 87 проценти се вакцинирани со двете дози, а кај академско-истражувачкиот кадар процентот е уште поголем и стигнува до 91 отсто, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите.