Американската влада ги повикува сите страни во Црна Гора итно да ја смират ситуацијата, соопшти американската Амбасада во Подгорица.
„Верските слободи и слободата на изразување, вклучувајќи мирно собирање, мора да се почитуваат. Иако имаше многу вперување со прст за тоа кој е одговорен, на крајот поединците ќе одговараат за своите постапки“, пишува на Фејсбук страницата на Амбасадата на САД.
Митрополитот на СПЦ Јоаникиј денеска беше устоличен во манастирот Цетиње по свечена литургија. По свечениот чин на устоличување, тој замоли за прошка затоа што свештенството и патријархот видоа во Црна Гора многу непријатности и поделби. Јоаникиј беше устоличен со извици „Достоен“.Јоаникиј рече дека поделбите се вештачки предизвикани, и дека направиле се да ги отстранат, за што, како што рече, ќе треба многу време. Нагласи дека ќе служи за братско помирување во Црна Гора.