Стомачен вирус ги „покоси“ велешани, но без алармантна состојба
Во Велес е забележан пораст на пациенти со стомачен вирус, како меѓу децата, така и меѓу возрасните, информираат лекарите од матичните амбуланти за МИА. Сепак, тие нагласуваат дека состојбата не е алармантна. Заболувањето е присутно во текот на целата година, најчесто кај помладата популација, особено во пролет и лето, но овој пат се забележува и значителен број возрасни пациенти.
Симптоми и можни компликации
Пациентите најчесто имаат треска, покачена температура, симптоми слични на настинка, гадење, повраќање и дијареа. Во ретки случаи, стомачните вируси може да доведат до компликации, особено кај лица со ослабен имунитет.
Превенција и препораки од лекарите
Медицинските лица апелираат на редовно миење на рацете и темелно миење на овошјето и зеленчукот под млаз вода пред консумирање. На лицата со симптоми им се препорачува да се јават на преглед кај матичниот лекар за соодветна терапија и диететска исхрана. Стомачен вирус ги покоси велешани, но сепак ситуацијата не е алармантна.
Извор: Плусинфо