Претходно, пред сите средби на турнирот, Лојд учествуваше во слични промоции, но во четвртокот таа стана единствената во нејзиниот тим (вклучувајќи тренери и помошен персонал) која остана да стои.
Триесет и деветгодишната спортистка одби да го објасни својот чин, но медиумите го поврзуваат со конфликт во тимот по сензационалниот пораз на Американките во полуфиналето од Канаѓанките.
Претходно, американскиот женски тим беше жестоко критикуван од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
– Ако нашиот фудбалски тим, предводен од радикална група леви манијаци, беше ослободен порано, ќе го освоеше златниот медал наместо бронзата. На овие спортисти им треба поголема почит кон нашата земја и националната химна. Неопходно е да се заменат космополитите со патриоти за да се започне повторно да победува. Жената со виолетова коса (Меган Рапино) играше ужасно и премногу размислуваше за политика, лошо си ја вршеше својата работа, напиша Трамп.
Селектор на женската репрезентација на САД е Македонецот Влатко Андоновски.