Новинарот Љупчо Златев преку Фејсбук статус пишува дека со денешната акција со која е запленета дрога раководела американската агенција ДЕА, заедно со обвинителството, а МВР до последниот момент не знаеле ништо. Тој вели дека во истата афера е уапсен возачот на Трајче Заев.

– Александар Ушилковски, возачот на Трајче Заев, уапсен со 800 кила марихуана која се носела на црниот пазар. Уапсен во комбе кое е сопственост во фирма партнер (во сопствеништва) со фирмите на Заеви. Со него уапсени двајца високи полициски функционери. Едниот командир на полицијата во Прилеп, друг од БЈБ. Со акцијата раководела американската агенција ДЕА, заедно со обвинителството. МВР до последниот момент не знаеле ништо! Американската агенција влегува во пресметка со нарко картелот на Заеви! God bless America!, пишува Златев.

Александар Ушилковски, возачот на Трајче Заев, уапсен со марихуана во вредност од 800.000 евра која се носела на црниот…

Posted by Ljupcho Zlatev on Friday, April 9, 2021

За истата оваа афера се огласи и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој ја нарече „Картелот Заеви“.

– Иако МВР молчи и е во паника, неофицијалните информации кои стигаат до нас е дека запленета е дрога од ДЕА во вредност од 800.000€, во бело комбе со грчки таблици, во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис “Медикал 420”. Пратечките возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на Премиерот Заев) и Кире ‘Чипсио’ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на ПС Прилеп, пишува Арсовски.

На повидок е нова афера “Картелот Заеви”.
Иако МВР молчи и е во паника, неофицијалните информации кои стигаат до нас е…

Posted by Dimsa Arsovski on Friday, April 9, 2021