Прашањето за регистарските таблички во Косово треба да се одложи за една година и да се посвети внимание на решавање на клучните прашања, порача американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил, јави дописникот на МИА од Белград.
Одговарајќи на новинарски прашања, Хил изјави дека е неопходно да се изнајдат долгорочни решенија во Косово и дека таа територија треба да има перспектива во меѓународната позиција.
Од друга страна, кажа Хил, Србите на Косово треба да имаат перспектива како ќе изгледа нивниот живот и како ќе го живеат.
-На овој регион потребно му е страстите за да се смират, рече Хил.
Тој додаде дека треба да се смири ситуацијата во Косово за да се создадат услови за изградба на биотехнолошки центар и развој и таму, откако денес присуствуваше на примопредавањето на новата биотехнолошка опрема на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство во Белград.
Денеска во Брисел треба се сретнат главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак. Почетокот на казнувањето на Србите кои возат автомобили со КМ таблички е одложен до четврток наутро.
Чешка, која претседава со Советот на ЕУ, во вторникот навечер во последен момент одлучи да го тргне од дневниот ред на состанокот на амбасадорите на земјите-членки усвојувањето на текстот за барањето на Косово за визна либерализација поради политичките настани на северот на Косово, јавувија приштинските медиуми.
Според Коха диторе, се очекувало одлуката да биде донесена формално, без дискусија.
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија, а пред се нејзиниот претседател Александар Вучиќ, постапила одговорно на последните преговори со Косово бидејќи пристапот бил „да не стануваме од преговарачката маса дури и кога не ни се допаѓа нешто што е на неа“, изјави потпретседател на Владата на Србија.