По тој повод Агенцијата ги доделуви наградите за најдобри од конкурсите „Млади поети”, „Млади уметници” и „Млади музички уметници”.
– Осма година по ред доделуваме награди за најдобрите млади поети и уметници, а за прв пат оваа година надворешна комисија одлучи и награди најдобри млади музички уметници, како дел од проектите за млади, истакна директорот на АМС Наумче Мојсовски.
Тој додаде дека темата на Конкурсот „100 години од животот и делото на Блаже Конески” ја зголемува важноста и вредноста на сите творби.
– Ова се мали моменти кои во иднина ќе станат белег на Агенцијата за млади и спорт. Честитки за сите наградени со надеж дека сите тие ќе бидат мотив за сите млади да продолжат да творат, потенцираше Ѓорѓи Тасев, Советник за млади во Владата.
Претседателот на Комисијата за избор Христо Петревски истакна дека победничкиот поход карактеристичен за спортистите беше двигател во брзината и квалитетот на целокупниот процес на припрема и реализација на Проектите за млади таленти, кај кои изостануваше песимизам и дневно политички теми, а изобилуваше со квалитет и желба за творење. Чест и задоволство е да се видат млади лица кои секој на свој начин даде свој придонес во одбележување на 100 годишнината на ликот и делото на Блаже Конески.
Доделени се вкупно 14 награди во три категории и тоа „Млади уметници” во категорија од 15 до 20 години
– За најдобро авторско дело во дисциплина Сликарство се наградува Душан Цветков (11) , со делото под наслов „Блаже Конески“. За најдобро авторско дело во дисциплина ФОТОГРАФИЈА се наградува Kaja Тасевска (6) со делото „Родната кука на великанецот “. За најдобро авторско дело во дисциплина АНИМИРАН ФИЛМ се наградува Никола Димов, соопштија од АМС.
Во категорија од 21 до 29 години за најдобро авторско дело во дисциплина СЛИИКАРСТВО е наградена Арбина Емини, во дисциплина ГРАФИКА – Ана Трајковска, а за ФОТОГРАФИЈА – Ирина Крстевска за делото под наслов „Духот на тешкото“.
Во истата катргорија за најдобро авторски дела во дисциплина КЛАСИЧНА МУЗИІКА е награден Филип Иванов, а за ПОПУЛАРНА МУЗИКА – Стефанија Александар Ристовска и Стефан Дуковски за делото „ Да не беше тој“.
Во категорија од 15 до 20 години прво наградена творба е „Наслутување“ од Александар Анѓелковиќ, второнаградена „Во ноќта на небесата светната твојот поглед го барам“ од Андреј Анѓеловиќ, а третонаградена е творбата „Ka kohë“ („Има Време“) од Хава Куртиши.
Во категорија од 21 до 29 години првонаградена творба е „Бурата која нема глас“ од Никола Наумовски, второнаградена „Вдомување“ од Радица Стојановска, а третонаградена е творба без наслов од Дона Заревска.