Од АМСМ информираат дека поради појава на магла, намалена видливост има на следниве патни правци:
Прилеп – Плетвар 50 – 100 метри
Скопје – Куманово 50 – 100 метри
Скопје – Велес 50 – 100 метри
Неготино – Демир Капија 50 – 100 метри
Велес – Катланово 50 – 100 метри
Кочани – Штип 50 – 100 метри
Тетово – Групчин 50 метри
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу 1 час, а за влез во државата околу 40 минути.
На граничниот премин Пелинце за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.