На манифестацијата на прогласување на најдобрите каратисти и каратистки во Македонија за 2021 година, што се одржа синоќа во Скопје, во групата на најуспешни каратистки кадетки се најде и младата членка на „Ускана“ од Кичево, Анастасија Мингоска, која е и членка на македонската карате репрезентација во кадетска конкуренција.

Младата каратистка, која во континуитет остварува добри резултати, беше презадоволна од признанието што и го додели Карате федерацијата за претходната календарска година.

– Презадоволна сум и горда што се најдов помеѓу трите најдобри каратистки кадети во земјава и што сум дел од карате секецијата на Македонија.Јавно сакам да се заблагодарам на КФМ за доделеното признание, втора најдобра кадетка за 2021 година. Исто така им благодарам на моите тренери Јетмире и Неџби Дервиши за вложениот труд и бескрајната поддршка што ми ја дадоа во претходните години. Да не ги заборавам и моите родители од кои исто така имав бескрајна поддршка, а им благодарам и на сите останати кои веруваа во мене.Очекувам оваа година да биде и поуспешна од претходната и со повеќе трофеи да ја завршам, рече младата Анастасија Мингоска.