Американската актерка Анџелина Џоли доби овации на филмскиот фестивал во Венеција по премиерата на филмот „Марија“, во кој ја глуми грчката оперска дива Марија Калас.
По проекцијата Џоли беше пречекана со бурен и долг аплауз, што особено ја трогна.
На видеото кое го објави италијанскиот Vanity Fair се гледа како Анџелина ги брише солзите, а доби и прегратка од нејзиниот колега Пјерфранческо Фавино.
Актерката на црвениот тепих пристигна во шифон фустан во беж боја со крзнен детаљ, дизајниран од Австралијката Тамара Ралф.
View this post on Instagram