По критичната ситуација со водата во Гостивар, како и информациите за арсен во водата во Валандово и бактерии во водата во Крушево, раководителката на Секторот за санитарна контрола во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Емилија Аневска во интервју за „Телма “ТВ нагласи дека состојбата во главниот град останува стабилна и под строга контрола.
Аневска ги уверува скопјани дека лабораторијата, која е акредитирана веќе 15 години, континуирано стои зад резултатите и дека пиењето вода од градскиот водовод во Скопје е целосно безбедно.
