Како што соопшти МВР, во периодот од 03.08.2021 до 15.08.2021, во координација со Јавен обвинител се приведени 24 лица, а уште 18 се повикани во станица на разговор, поради постоење основи на сомнение дека подметнале или предизвикале пожари. Поднесени се две кривични пријави против две лица по член 288 (предизвикување на општа опасност), и тоа од ОВР Прилеп и СВР Струмица, две кривични пријави против три лица по член 227 (предизвикување на шумски пожар), и двете од ОВР Дебар.
-МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, стои во соопштението.