Мицкоски подава рака на помирување, а не бара поддршка, зборува за помирување но не и простување на кривични дела, вели Стојанче Ангелов во гостување на ,,Само вистина”.
Ангелов даде негов осврт на настаните за актуелните политички случувања.
Тој има двотретинско мнозинство и не му треба поддршка. Неговата порака се однесува и на чесните луѓе од СДСМ, јасна е пораката, да си подадеме рака за Македонија да биде подобро место за живеење. Не се СДСМ на колена туку се паднати на земја, отстранија многу квалитетни луѓе и се им се врати како бумеранг, ако Минчев не го остранија во време на СДСМ сега ќе биде министер во влада на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ треба да најдат неколку храбри и пргави луѓе што ќе ги поведат напред. Ние сме излажани, ова што ни го прави Бугарија се коси со здрав разум, не почитува пресуди на меѓународен суд, рече Стојанче Ангелов во Само Вистина.