Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во негов стил ги честита новогодишните празници на граѓаните.
„ На сите граѓани и гости во нашата држава, Центарот за управување со кризи ви посакува пријатна и весела новогодишна ноќ, да ја пречекаме Новата 2024 година во добро здравје и празнично расположение. Операторите на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции и координација се 24/7 на должност и подготвени да одговорат на секој повик и потреба за итна медицинска, противпожарна или реакција на полицијата. Апелираме новогодишното расположение да не биде повод за ризици и опасности по здравјето и животот на луѓето и животните, како и материјалните добра и животната средина. “Безбедноста на прво место!” – “Safety first!” порача тој.