Резултатите покажуваат дека победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и во Охрид, Неготино и Демир Капија.
Својот глас за Кирил Пецаков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид ќе го дадат 26,4 проценти од испитаниците, додека за кандидатот на СДСМ, Константин Георгиески би гласале 22,8 проценти од анкетираните.
Победа се предвидува и за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино и Демир Капија. Минимална разлика меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има во Општина Делчево.
Анкетата е спроведена во периодот од 24.09 до 28.09.2021 година по нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.