Според него, 51% од граѓаните би примиле вакцина, 18% се уште се мислат а 28% рекле дека нема да се вакцинираат.
Најголем интерес за вакцина има меѓу граѓаните кои се постари од 50 години додека кај младите е најголем процентот на оние кои одбиваат да се вакцинираат.
На Македонците омилена вакцина им е Сптуник В. За рускиот производ се определиле 65% од испитаните додека 61% кога би можеле да изберат би се вакцинирале со Фајзер. За Кинеската вакцина се определиле 50%. Најмногу граѓани или 55% рекле дека не би се вакцинирале со Астра Зенека.
Според ова истражување спроведено пред пролетниот пик, дури 73% од граѓаните немаат прележано ковид а секој десетти анкетиран, денеска, година и половина по првиот случај, смета дека корона вирусот не постои.
Во однос на начинот на кој Владата се справи со пандемијата граѓаните имаат поделени мислења.
37% велат дека се задоволни од владините мерки додека 35% не се задоволни. Околу 27% од анкетираните дале одговор некаде во средина. Најголемо задоволство има во југоситочниот регион а најголемо е незадоволството во вардарскиот.
За граѓаните најефикасна мерка против ковид е носењето маска, карантинот и забраната за групирање, а најмалку ефикасна мерка се смета дека е затворањето на училиштата.
Најголем дел од граѓаните или близу 90% велат дека ги почитуваат здравствените мерки. Анкетата покажува дека тие најмногу се почитуваат во југозападниот дел на Македонија а најмалку во полошкиот регион.
Анкетата е спроведена телефонски врз репрезентативен примерок од 1100 испитаници во периодот од 8 до 16 март годинава.