-Тие се поврзани со самиот предмет, камери, сталки, подвижни кабини. Има повеќе јавни набавки со што износот на средствата што се потрошени за тие договори е голем. Мислам дека стануваше збор за околу 18 милиони денари, изјави Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК.
Извештајот за набавките спроведени од Рашковски, антикорупциска ќе го испрати до обвинителството.. Од таму за Сител велат дека предметот ќе го проучат и дополнително ќе одлучат дали ќе биде дел од истрагата која се води против поранешниот генерален секретар на владата..
Во меѓувреме, од ДКСК предупредуваат дека состојбата со корупцијата во државата е сериозна, а на тоа укажувале извештаите на меѓународните институции..
Вработувањето во државни институции, антикорупционерите го сметаат за најголем проблем.. Велат, изборот најчесто имал партиска поврзаност..