Над 400 илјади граѓани се очекува да бидат покриени со донесувањето на антикризните мерки на утрешната владина седница.
Ова го соопшти вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој рече дека за овие социјални и антикризни мерки ќе се плаќа од данокот на солидарност кој се собира од компаниите.
-Планираме на утрешната владина седница средствата да ги искористиме за антикризни мерки кои се насочени кон најзагрозените граѓани. Тука спаѓаат како најголемата група граѓани, пензионерите, кои во наредните месеци ќе добијат одреден износ и надоместок за следните 6 месеци, а тука спаѓаат и учениците, студентите и самохраните родители.