Антовски истакна:
-Истото може да се заклучи и од изјавата на Морачанин, која тврди дека струјата треба да е скапа за да ја користиме што помалку. Ова внесува сомнеж и предупредување дека од следната година навистина нé чека ценовен шок заради можниот пораст на цената струјата. Ако цената е скапа, за да ја користиме што помалку, како што тврди Морачанин, како тогаш граѓаните да ги задоволат основните животни потреби за енергија? Користењето на електрична енергија не е луксуз, туку основна потреба. Оваа неспособна власт во овие четири години не успеа да обезбеди за граѓаните на Република Македонија никакви други алтернативни извори на енергија. Домаќинствата немаат пристап до гас како алтернативен извор на енергија затоа што во изминативе 4 години со СДСМ, гасификацијата која што требаше да се изведува, целосно запре, со што на граѓаните им е нанесена непоправлива штета. Во исто време нафтените деривати драстично поскапеа со ланското зголемување на акцизата за дизелот и сегашната најавена еколошка такса за сите видови бензини и дизелот. Законската регулатива не е уредена во корист на домаќинствата,па тие не можат да инсталираат фотонапонски панели на своите кровови за да продаваат електрична енергија. Тогаш како народот да ги задоволи основните потреби за енергија? Контрадикторни се политиките на власта дека струјата треба да е скапа за да ја трошиме помалку, а од друга страна на големо се делеа субвнеции за клима уреди со инвертори кои работат на струја. Дали ова значи дека власта е тотално изгубена во своите енергетски политики, кои не се ништо друго освен тактиката за поткуп и „купи ден-помини“!?
Тој исто така прашува и дали освен што според нивото на корупција сме на 111 место во светот, на исто такво место ќе се најдеме и според рангирањето за задоволување на основните потреби за енергија? Длабоко на дното на листата земји од светот, заедно со земјите од Африка.
-За разлика од СДС и Заев, ВМРО-ДПМНЕ има план, има стратегија како од Македонија да направи понапредна, поразвиена и постабилна земја во делот на енергетиката. Наша цел е поевтина струја за сите граѓани,а во исто време и почист воздух и поздрава животна средина. Со зголемување на домашното производство на електрична енергија кое сега на ниво од 60% од тоа што беше во 2017 година, а во исто време и со модернизација на РЕК Битола, со инвестирање во еколошки филтри, со десулфуризација во постројката, ние ќе го продолжиме животниот век на РЕК Битола. На овој начин ќе обезбедиме ниска цена на струјата за граѓаните, со истиот број на вработени и без отпуштања, притоа водејќи сметка за намалување на загаденоста на воздухот, бидејќи приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е заштита на животната средина. Според голем број анализи, голем процент од загадувањето на воздухот доаѓа од системите на затоплување на домовите со цврсти горива. Со промена на начинот на загревање на домаќинствата, односносо овозможување и пристап до мрежите за природен гас, загадувањето на воздухот ќе се намали. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е секое домаќинство да добие можност за бесплатен приклучок на гас. Нашиот план е најмалку 50% проценти од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, со што изагадувањето на воздухот ќе се намали, вели Антовски.
Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ планира зголемената акциза од три денари за дизел горивото, и парите кои сега непродуктивно се трошат, да ги врати назад кај граѓаните преку вложување во образованието, културата и спортот. Еколошката такса која сега ја заговараат или т.н. кризен данок одоколу 4 денари на бензините и нафтените деривати не треба да се донесе, бидејќи тоа не е ништо друго освен начин како од граѓаните да се надополни дупката во буџетот која се создава поради намалениот ДДВ за струјата.
-Ова е дел од планот за енергетиката на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе значи поевтина струја за сите, евтин гас за домаќинставата, поздрава животна средина и чист воздух, а во исто време зачувување на работни места. Ова е нашиот концепт за енергетиката во Македонија. Време е за Македонија за сите луѓе, завршува Антовски.