На 21/22.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Р.(34), А.Р.(19), М.Р.(21), М.К.(37), сите од Скопје, Т.Б.(28) од Волково, скопско и А.А.(37) од скопското село Сингелиќ, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана.

На 20.06.2026, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.К.(33) од село Бориево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници во дворното место пронашле две засадени стебла од растението канабис. Исто така, лицето доброволно предало и три стебла канабис, кои ги засадил на локација во атар на Бориево. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.