По барањата за премиер Албанец, политичките партии од албанскиот корпус одат чекор напред, а тоа е претседателски кандидат. Според шпекулациите во јавноста албанската опозиција обединета ќе го поддржи Арбен Таравари.
Биљал Касами го поддржа Арбен Таравари
Претседателот на движењето БЕСА, Биљал Касами потврди дека се дискутира за Таравари да биде кандидат на албанската опозиција. Во инервју за весникот „Лајм“ тој го потврди името на Таравари и не ги штедеше пофалните зборови за него велејќи дека тој е „идеален кандидат“.
– Многу искрено разговаравме со докторот Арбен да биде претседателски кандидат. Ја знаеме неговата загриженост за овие случувања во рамките на Алијанса за Албанците. Според мене најдобро е се ова да заврши, а не да продолжи на ниво на закани и уцени, започна тој.
Касами додава дека освен за Албанците, Таравари би бил идеален кандидат и за Македонците во државата, но и сите граѓани.
Во таа насока, посакувам што поскоро да се расчистат сите дилеми во Алијанса за Албанците и силно верувам дека д-р Арбен Таравари може да биде многу добар кандидат за претседател не само на албанската опозиција, туку и кандидат за кој верувам дека би било прифатлив за сите граѓани на С. Македонија и верувам дека С. Македонија е подготвена за претседател Албанец со целосен политички мандат, а не како симболиките што ДУИ ги понуди за овие 20 години владеење, што кулминираше со оваа техничка влада каде што имаме премиер Албанец, половина влада Албанци, но Албанците се подискриминирани од кога било, изјави Касами.
Таравари се иззема од калкулациите
Наспроти ваквите пофалби и се почесто коментирање во јавноста, Таравари вели дека е незаинтересиран. Претседателот на Алијансата за Албанците во куса изјава за МИА потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но истакна дека тој не е заинтересиран.
Во меѓувреме расте поддршка за Арбан Таравари во внатрепартиските лавиринти. Зад неговото име засега застанаа министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити. 20 од вкупно 25 членови на партиската Академија го поддржаа него, а и различни петиции се потпишуваат за поддршка на Арбен Таравари.
Сѐ повеќе членови на Алијанса за Албанците застануваат зад Таравари
Прехтодно, беше оставен и куршум пред неговиот дом.
Се разгорувава во Алијанса за Албанците
Против Таравари и целиот тој фронт во АА застана поренашниот претседател на партијата Зијадин Села. Далеку побројна е поддршката за Таравари, а зад Села е министерот Кренар Лога со дел од пратениците во Собранието.
Коалицискиот партнер на Алијансата, СДСМ исто така се огласи со коментар. Тие се надеваат на брзо решавање на внатрешните проблеми во партијата.
Најголем фаворит за победа е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ
Инаку, на сите анкети најголем фаворит за победа на претседателските избори е ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат без разлика партијата за кој ќе се определи.