Арбен Таравари со порака: Владата ја формира премиерот, не другите

Министерот за здравство и лидер на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, испрати јасна порака – само премиерот има легитимитет да одлучува кој е дел од Владата, а не останатите коалициски партнери. Ваквите случувања се по тековните преписки со партиските сорабтници од ВЛЕН, пред се со Изет Меџити.

Арбен Таравари не исклучува соработката со ДУИ – Меџити побара да ја напушти Владата

Емоции по самостојниот настап на АА

Таравари ја оцени изјавата на Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите на коалицијата Влен, како емоционална реакција. Тоа, според него, се случило поради одлуката на АА да излезе со свои советнички листи, во соработка со ВМРО-ДПМНЕ, слично како и коалицијата ЗНАМ.

„И на Влен им го предложивме истото. Треба да бидеме внимателни, умни и рационални. На крај, се работи за политика“, рече Таравари.

Отворени опции за Алијанса за Албанците

Во врска со можноста за излегување од коалицијата Влен, Арбен Таравари истакна дека партијата внимателно ги следи случувањата и ги разгледува сите опции. Тој сепак не исклучи можноста АА да остане во Владата, дури и во случај на напуштање на коалицијата.

Детално може да погледнете во продолжение:

Села побара Таравари да излезе од Владата – на повидок повторно обинување на Алијансата?

Одлуката ја носи премиерот, а не коалициските партнери

Таравари нагласи дека учеството на АА во Владата зависи единствено од премиерот.

„Доколку премиерот смета дека АА не треба да биде дел од Владата – ние ќе ја прифатиме таа одлука. Но, никој друг нема право да одлучува за тоа“, рече тој.