Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија истакна дека сите проекти кои претходно биле отпочнати, а се за доброто на Скопје и скопјани ќе бидат целосно имплементирани. Како еден од тие проекти го посочи дневниот автобуски билет, истакнувајќи дека се небулозни критиките од страна на СДСМ кога претходното градско раководство и нивниот директор го креирале овој проект.
– Дневниот автобуски билет токму претходното раководство коешто е дел од СДСМ го има креирано, има донесено решение и има платено огромна сума на средства да се испечатат овие билети и да се креира практично токму ова што сега тие го критикуваат. СДСМ практично го критикуваат сопствениот проект. Јас и претходно кажав, сето она што било направено а е за доброто на скопјани нема да се стопира. Ќе продолжат сите оние проекти коишто се за добробит на скопјани. Тие се обидуваат преку лаги да прикажат туѓ неуспех, истакна градоначалничката Арсовска.